ТРЕТА АКТИВНОСТ

Ширењето на другарството и запознавањето на другарчиња од други држави отсекогаш било предизвик за секое дете. Секој од нас кога бил дете напишал писмо до непознато другарче, истото го проследил и со нетрпение го чекал одговорот.
          Денес таа комуникација е многу полесно остварлива. Благодарение на електронските мрежи постои можност да допреме и запознаеме деца и места кои се навистина многу километри оддалечени од нас.
          За таа цел учениците од второ одделение пишуваа писмо до непознато другарче, преку кое писмо накусо го запознаа непознатото другарче и со убавините на нашата татковина Република Македонија. Нашите можности се мали, бидејќи сме само второ одделение, но бидејќи чекориме со широко отворената мисла и големиот ум, желбата е голема да покажеме како ние со помош на нашите родители успеавме да го пренесеме сето тоа, испреплетено со куси презентации, како и флаери и писма.


          Останува нишката на предизвик за ширење на другарството и запознавањето на нови другарчиња ширум светот и во наредните генерации ученици кои доаѓаат во нашето училиште.