ВТОРА АКТИВНОСТ

Со мотото „Помогни ми да го направам сам“ – (ММ), учениците од петто одделение размислуваа, разговараа и создадоа феноменално – оргинални творби на тема ПРИЈАТЕЛСТВО. Чувствителноста на се она што произлегува од овој поим не секогаш се доловува со збор, затоа беше надополнето и со боја и форма, како и со многу искрени насмевки, меѓусебни прегратски и испратени бакнежи на сите деца надвор од прозорците на нашите широко отворени мисли.