ТЕКОВНИ НАСТАНИ

Spain - festivals and traditions 

1.3.2018












„Во детето се крие вербата во иднината“ – Марија Монтесори, уште во дамнешни времиња ни шепотела и сеуште татни значењето на нејзините мисли.
Зошто знаеме дека и ние сме биле нечии деца, а пак децата на нашите деца и нивните поколенија исто како сите предци ќе тежнеат до совршенство.
Затоа ќе ги отвориме ширум прозорците кон светот за од нашата нишка да исткаеме заеднички вез со сите оние кои знаат што значи да си дете со ширум отворена мисла, ум.
Една од активностите кои Ученичката заедница на ООУ„Невена Георгиева Дуња“ – Скопје, истражуваше за незнајното, непознатото за една држава, која ќе ги отвори своите порти со цел да се сплотат многу мислења, ставови, желби, можности, идеии и да се размената огромен број на стекнати искуства е Шпанија.

Останаа многу мистерии кои со жар ќе се откриваат како од шесто и седмо одделенците, така и од останатите генерации од нашето училиште.